„Експлозија на нагазна мина го прекина главниот приклучок за електрична енергија на еден од реакторите на украинската нуклеарна централа Запорожје (ЗНПП)“, се вели во соопштението на ИАЕА.
Се наведува дека по губењето на енергијата биле активирани безбедносните агрегати, за да не остане на реакторот без струја, неопходна за процесот на ладење.
Во соопштението се наведува дека експлозијата се случила синоќа пред нуклеарната централа.
Електраната Запорожје, која се наоѓа на југот на Украина, е најголемата нуклеарна централа во Европа и од март е под контрола на руските сили.