Украина јави дека руска патрола го уапсила Игор Мурашов во петокот додека патувал од најголемата европска нуклеарна централа кон градот Енергодар во кој живеат бројни вработени во централата. Со објектот и понатаму управува украински персонал.
ИАЕА во саботата јави дека контактирала со „релевантни лица од власта“, не именувајќи ја Русија, и дека е известена дека Мурашов е „привремено притворен“.
„Ја поздравувам веста за пуштањето на слобода на Игор Мурашов, директорот на нуклеарната централа Запорожје. Добив потврда дека господинот Мурашов се вратил кај своето семејство и дека е на безбедно“, напиша денес Гроси.
Гроси оваа недела треба да ги посети Москва и Киев, каде ќе учествува во преговори.
ИАЕА во саботата објави дека притворањето на Игор Мурашов „директно и сериозно влијае на одлуката за гарантирање на безбедноста и заштитата на централата“ што ги отежнува постоечките безбедносни проблеми во централата.