ИАЕА: Директорот на нуклеарната централа Запорожје е пуштен на слобода

Шефот на украинската нуклеарна централа Запорожје, кого во петокот го уапси и приведе руска патрола, е пуштен на слобода, напиша денес на Твитер шефот на нуклеарната агенција на ОН Рафаел Гроси. Киев за неговото апсење ја обвини Русија и го нарече терористички чин.

EPA-EFE

Украина јави дека руска патрола го уапсила Игор Мурашов во петокот додека патувал од најголемата европска нуклеарна централа кон градот Енергодар во кој живеат бројни вработени во централата. Со објектот и понатаму управува украински персонал.

ИАЕА во саботата јави дека контактирала со „релевантни лица од власта“, не именувајќи ја Русија, и дека е известена дека Мурашов е „привремено притворен“.

„Ја поздравувам веста за пуштањето на слобода на Игор Мурашов, директорот на нуклеарната централа Запорожје. Добив потврда дека господинот Мурашов се вратил кај своето семејство и дека е на безбедно“, напиша денес Гроси.

Гроси оваа недела треба да ги посети Москва и Киев, каде ќе учествува во преговори.

ИАЕА во саботата објави дека притворањето на Игор Мурашов „директно и сериозно влијае на одлуката за гарантирање на безбедноста и заштитата на централата“ што ги отежнува постоечките безбедносни проблеми во централата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе