НА ШАНЗЕЛИЗЕ

И вториот полицаец почина од повредите во престрелката во Париз

Еден од двајцата полицајци ранети во престрелката што се случи вечерва на Шанзелизе во Париз им подлегнал на повредите, јавија француските медиуми.

 

Друг полицаец претходно беше убиен од напаѓачите, кои со возило застанале до полициско комби и почнале да пукаат во полицајците.

Француското обвинителство соопшто дека канцеларијата за антитероризам отворила истрага.

Меѓутоа, три полициски извори рекле дека престрелката можеби била обид за оружен грабеж, пренесува Ројтерс.

„Излегов од продавницата Сефора и одев по тротоарот каде што беше паркирано ауди 80. Еден човек излезе од него и почна да пука со калашников кон полицаецот“, вели еден сведок за Ројтерс.

„Полицаецот падна. Слушнав шест истрели, ми стана страв. Имам двегодишно девојче и си мислев дека ќе умрам... Тој пукаше директно во полицаецот.“

На ТВ-снимките се гледаат Триумфалната капија и горната половина на Шанзелизе преполни со полициски комбиња, блескави светла и до заби вооружени полицајци, кои ја затвориле областа по она што еден новинар го опиша како жестока престрелка во близина на продавницата Маркс&Спенсерс.

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе

Веќе е јасно дека не треба да има никакво сомневање дека прислушуваните разговори треба да бидат прифатени како докази во постапките.

повеќе