Се бара оставка од Вучиќ

И во Нови Сад судири, каменувано градското собрание, се апсат граѓани (ВИДЕО)

Протест вечерва се одржа и во Нови Сад, каде што граѓаните се собраа пред Градското собрание околу 18 часот и почнаа протестна прошетка.

И на протестот во Нови Сад дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, а некои демонстранти се приведени.

Неколку илјади луѓе учествуваа на протестот во Нови Сад.

Припадниците на жандармеријата го разбија протестот и им фрлија солзавец на демонстрантите, кои пак фрлаа камења кон нив.

Потоа демонстрантите седнаа, а полицијата се постави блокирајќи го патот кон Градското собрание.

Во еден момент, демонстрантите и танцуваа.

Демонстрантите со камења и петарди ги скршија прозорците на Градското собрание, а потоа дел и запалија.

РТС објави дека нивниот тим бил нападнат во Нови Сад и дека снимателот бил повреден.

Насобраните граѓани претходно извикуваа „Вучиќу, каде си“ и „Многу нè има“.

Демонстрантите во Нови Сад поднесоа неколку барања - оставка на полицискиот директор Владимир Ребиќ, на министерот Небојша Стефановиќ, но и на Милош Вучевиќ, градоначалникот на тој град, и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Според Н1, тие побараа да се распушти Кризниот штаб, да се открие вистината за тоа колку точно луѓе починале и се разболеле од коронавирусот, парите за црквите да бидат пренасочени за оние што се разболеле, да бидат вработени хонорарни здравствени работници и на луѓето што ги загубиле своите работни места за време на епидемијата - да им се вратат.

Се слушаа разни скандирања - „Ја сакаме вистината“, „Долу Вучиќ“, но и „Косово е срцето на Србија“.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе