По Трамп

И Русија се повлекува од Договорот за нуклеарните сили од Студената војна

Советот на Руската Федерација усвои закон со кој се запира важењето на Договорот за нуклеарните сили со краток и среден дострел (ИНФ).

Сега законот ќе му биде поднесен на потпис на претседателот на Русија Владимир Путин, по што ќе стапи во сила. Во согласност со законот, претседателот има право и да донесе одлука за обновување на важноста на договорот.

Претходно претседателот на Русија му предложи на парламентот да усвои закон за запирање на наведениот договор.

Вчера генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се закани дека ќе преземе мерки доколку Русија не ги исполнува обврските спрема Договорот за ликвидација на ракетите со среден и краток досег, кој е склучен меѓу САД и СССР.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно соопшти дека Вашингтон на 2 февруари ќе ја почне процедурата за повлекување од Договорот за ликвидација на ракетите.

Путин на ова изјави дека Русија реципрочно ќе одговори на одлуката на САД за повлекување од договорот и исто така ќе го запре учеството во договорот.

Тој кажа и дека Москва нема да дозволи да биде вовлечена во скапа трка во вооружување и додаде дека сите предлози на Русија за разоружување „остануваат на маса, а вратата останува отворена“, но и нареди руските функционери да не иницираат никакви преговори во врска со ова прашање.

Рускиот лидер на 4 март потпиша указ според кој Русија го прекинува исполнувањето на Договорот за нуклеарните сили со краток и среден дострел.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе