„Отпуштен си!“

И пред Трамп-кулата се слави победата на Бајден, Трамп заминал да игра голф (ВИДЕО)

На Петтата авенија во центарот на Менхетн десетина луѓе колку што можат повеќе се доближија до Трамп-кулата за да ја прослават победата на Џо Бајден.

Фото: Твитер

Еден човек држеше картонски натпис на кој пишуваше „ОТПУШТЕН СИ!!“, алузија на познатата реченица на Доналд Трамп на реалното телевизиско шоу што го водеше, „Чирак“ (The Apprentice).

Еден човек удираше по метално лонче прикачено на предниот дел од неговиот велосипед. Како што сè повеќе се приближуваа до крстосницата од Петтата и 57-та улица, која беше забарикадирана за да се спречи поблизок пристап до зградата, групите почнаа славенички да извикуваат. Во заднината им свиреа автомобили во знак на поздрав.

Во времето кога се објавуваа резултатите според кои Бајден е победник, Трамп, пак, отишол да игра голф.

Асошиејтед прес успеал да го фотографира претседателот во моментите кога дознал дека ова му е прв и последен мандат.

Пред да си замине од својот голф-клуб Вирџинија, американскиот претседател застанал да се фотографира со невеста што се венчавала денеска во клубот.

 

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе