И покрај влошените односи, Црна Гора ја гледа Русија како спасител на летната сезона

Црногорското Министерство за туризам наводно побарало од здравствените власти да ја стават Русија на „жолт список“ на земји чии граѓани можат да влезат во земјата со доказ за негативен тест за ковид-19.

Фото: ЕПА

Веб-страницата ЦДМ во понеделникот објави дека црногорското Министерство за одржлив развој и туризам побарало од Националното координативно тело за заразни болести да ја стави Русија на списокот на земји чии граѓани можат да влезат во Црна Гора ако имаат негативен тест за новиот коронавирус, во обид да се спаси клучната летна сезона во земјата, пренесе Балкан инсајт.

Политичките односи меѓу Русија и Црна Гора веќе долго време се затегнати, особено поради пристапувањето на Црна Гора во НАТО во 2017 година, но Русите секое лето навалуваат во Црна Гора и меѓу 5.000 и 7.000 Руси се постојани жители во поранешната југословенска република.

Русите учествуваа со 29,1% од сите ноќевања во Црна Гора минатата година, пред граѓаните на соседна Србија, Босна и Косово. Но Русија, како и Србија, во моментов се на „црвената листа“ на земји, на чии граѓани им е забранет влез во Црна Гора. Оние од Босна, Косово и Украина можат да влезат со негативен ПЦР-тест.

„Поради подобрувањето и стабилизирањето на епидемиолошката состојба во земјата (Русија), Министерството го подготвува овој предлог“, објави ЦДМ. „Националното координативно тело може да донесе таква одлука за да му помогне на туризмот, кој е најпогоден од пандемијата“.

Граѓаните на државите од „зелената листа“, со помалку од 25 активни случаи на 100.000 граѓани, можат да влезат во Црна Гора без ПЦР-тест.

И покрај силните историски врски, односите меѓу двете главно православни христијански земји особено се оладија од 2014 година, кога Црна Гора - насочена кон членство во НАТО и ЕУ, ги поддржа санкциите наметнати од ЕУ и САД кон Русија поради нејзината анексија на украинскиот полуостров Крим и учеството во борбите во источна Украина.

Односите уште повеќе се заладија во 2016 година кога Црна Гора ја обвини Русија за спонзорирање на неуспешниот обид за пуч, наводно, за да се спречи пристапувањето на Црна Гора во НАТО.

Според црногорското обвинителство, нивниот наводен мотив бил да го убијат тогашниот премиер Мило Ѓукановиќ во пуч, кој потоа ќе ја донесе проруската опозиција на власт.

Обвинителството беше обвинето од опозициските партии дека ги измислува тврдењата дека руски и српски националисти планирале државен удар за да ја дискредитираат опозицијата. Официјална Москва, исто така, ги негираше сите обвиненија што честопати ги повторуваа високи црногорски и западни власти.

Во ненадеен потег во 2018 година, понудата на црногорскиот ветерански лидер Ѓукановиќ за подобрување на ледените односи на неговата земја со Русија беше претпазливо примена во Москва.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе