Белорусија

И покрај пандемијата на улиците на Минск илјадници го обележаа Денот на победата (ФОТО)

Илјадници луѓе се собраа денес во белоруската престолнина Минск за да ја следат парадата и да ја одбележат 75-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа, иако во последните неколку недели бројот на случаи на коронавирус во земјата нагло се зголеми.

Претседателот на Белорусија претходно најави дека нема да ја откаже воената парада по повод Денот на победата, и покрај тоа што Москва се откажа од масовна манифестација.

„Морам да кажам дека не можеме да ја откажеме парадата - едноставно не можеме. Долго размислував за тоа. Секако, тоа е емотивна и длабоко идеолошка работа“, рече тогаш Лукашенко.

Илјадници луѓе, меѓу кои и ветерани од Втората светска војна, присуствуваа на воената парада во чест на Денот на победата, и покрај епидемијата на коронавирус, пренесува Гардијан.

Русија и другите земји ја откажаа воената парада, така што Белорусија е единствената држава од поранешниот СССР која со воена парада ја одбележа 75-годишнината од победата над нацистичка Германија.

„Во овој луд, дезориентиран свет, многумина ќе не осудат затоа што сега и овде го одбележавме овој свет настан“, рече белорускиот претседател Александар Лукашенко и додаде: „Не брзајте со заклучоци, не осудувајте нè потомците на белоруските победници. Не можевме поинаку. Немавме друг избор. Но, дури и да имавме, ќе постапевме исто вака“.

Домашните и странските медиуми изразија загриженост поради парадата и масовните собири среде епидемијата на коронавирусот.

Претседателот Лукашенко јавно ја турна епидемијата во втор план уште претходно кога се појави на велигденската литургија, но и на некои други јавни настани, и на новинарите им рече дека вирусот не е смртоносен како што се вели.

Белорусија е единствената земја во Европа каде што се одржуваат фудбалски натпревари за време на пандемијата на коронавирусот, иако досега се регистрирани 21.101 случај на ковид-19 и 121 смртен случај меѓу заболените од оваа болест.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе