И покрај големиот раст на нови случаи, Англичаните организираат фестивал од 40.000 луѓе

Од четврток до недела, илјадници луѓе ќе дојдат на музичкиот фестивал Латитјуд во источна Англија, најголемиот собир откако Британија ги укина сите епидемиолошки мерки на почетокот на неделата.

Screenshot

Четиридневниот фестивал, на кој се очекува да учествуваат околу 40.000 луѓе, се одржува додека бројот на новозаразени лица низ целата земја се зголемува. За да присуствуваат на музичкиот настан, посетителите мора да бидат целосно вакцинирани или да имаат негативен тест на ковид-19.

„Размислувам вака: Кога повторно ќе се отвориме, ако не сега?“, вели 21-годишната Кети Мекена, пренесе Ројтерс.

Луѓето на фестивалот не мора социјално да се дистанцираат или да носат заштитна маска, а организаторите поставиле отворени шатори и инсталирале прочистувачи на воздухот за борба против ширењето на вирусот.

„Сите планови и бендови се подготвени, а луѓето се очајни и сакаат да дојдат, да свират, да работат и повторно да уживаат, а тоа е она што ние им го овозможуваме“, рече организаторот на фестивалот, Мелвин Бен.

Меѓу другите, на фестивалот учествуваат Дејмон Албарн, Вулф Алис, Рудиментал и Кемикал брадерс.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе