И обични граѓани се вклучија во потрагата по грабнатото девојче во Србија

Во потрагата по 12-годишната Моника Каримановиќ денес се вклучија и граѓани од Белград, Ниш, Бор, Зајечар и други места во Србија.

Во потрагата по дванаесетгодишната Моника Каримановиќ која во петокот на 20 декември, како што се сомнева, ја грабна 45-годишниот Нинослав Јовановиќ се вклучија денес и граѓани од Белград, Ниш, Бор, Зајечар и други градови во Србија.

Распоредени во повеќе групи, заедно со полицијата, Жандармеријата и припадниците на Безбедносно-информативната агенција го пребаруваат теренот во околината на Књажевац.

Поранешниот полицаец Владимир Савиќ, кој своевремено учествувал во апсењето на познатиот белградски силувач Саша Мега, кажа дека родителите се организирале за да го најдат девојчето и по девет дена да ја завршат агонијата.

„Нѐ има во оваа група дваесеттина, тргнавме утринава од Белград, ни се приклучија во текот на патот и родители од други места. Нема да кажуваме кои села ќе ги пребаруваме бидејќи сме уверени дека грабнувачот користи социјални мрежи и дека го следи Фејсбук, што го докажува и тоа што го изгасил профилот“, кажа Савиќ.

Директорот на српската полиција Владимир Ребиќ кажа за РТС дека полицијата е на терен 24 часа и дека досега се пребарани 50 села.

„Се проверуваат сите контакти кои ги имал со друг луѓе. Не е исклучена можноста некој да му помага на Јовановиќ. Тој е асоцијален, но најдени се некои луѓе со кои бил во контакт“, кажа Ребиќ.

Според него, полицијата ја држи оптимизам поради фактот дека Јовановиќ во претходните случаи не ги убивал своите жртви.

Во последните 23 години ова е трет пат полицијата да трага по Нинослав Јовановиќ.

Прв пат потрага била организирана во 1996 година, кога силувал една жена и четиринаесетгодишно девојче. По повеќедневна потрага по шуми и викендички, Јовановиќ бил уапсен и осуден на 10 години затвор.

По излегувањето од затворот силувал дванаесетгодишно девојче, откако два дена ја држел заробена. Додека бил во бегство се обидел да силува уште едно 12-годишно девојче, кое успеало да му избега.

Поради силувањето и обидот за силување бил осуден на 15 години затвор, но, со одлука на српскиот врховен суд, казната му била намалена на 12 години. По второто излегување од затвор Јовановиќ вознемирувал жени преку социјалните мрежи и поради тоа бил во затвор пет месеци.

На слобода е од јануари 2019. Прекарот „Малчанскиот бербер“ го добил поради тоа што е од селото Малча и бидејќи своите жртви ги стрижи пред силувањето.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе