Откако Грција протера руски дипломати

И Москва ќе избрка двајца грчки дипломати

Москва ќе одговори на протерувањето на руските дипломати од Грција со протерување двајца грчки дипломати од земјата, соопшти руското министерство за надворешни работи, јави Интерфакс.

Цитирајќи го рускиот пратеник од горниот дом Андреј Климов, и новинската агенција Риа објави дека ќе бидат протерани двајца грчки дипломати.

Грција претходно објави дека ќе истера двајца руски дипломати од земјата и дека ќе им забрани влегување на други двајца поради активности несоодветни на нивниот статус, пренесе Катимерини.

Немало веднаш коментар од грчките власти на реакцијата на Москва, вели Катимерини.

Грција ги брка руските дипломати поради нивните наводни обиди да го поткопаат договорот за промена на името што Грција и Македонија го постигнаа минатиот месец.

Руските дипломати, според грчките медиуми, се обидувале да добијат и да објават незаконска информација, а воедно настојувале да подмитат одделни државни функционери.

„Иницијативата на Атина не е случајна, туку е одговор на координираната акција на дипломатите за да го прошират руското влијание во Грција, но и влијаеле на одлуката на властите во врска со давањето ново име на Македонија“, вели руски Спутник и додава дека оваа одлука првенствено се однесува на конкретни дипломати, не односите на Грција со Русија.

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе