По Шведска

И Холандија забрани извоз на оружје во Турција поради офанзивата против Курдите

Холандија вчера привремено го суспендираше извозот на оружје во Турција поради воената офанзива на Анкара на северот на Сирија.

Вицепремиерот Хуго де Јонге кажа дека холандскиот воен извоз ќе биде забранет за времетраењето на турската офанзива.

Локалните медиуми јавуваат дека холандскиот извоз на оружје во Турција во 2018 година изнесувал 29 милијарди евра.

Претходно во средата Шведска најави дека ќе побара од ЕУ да воведе ембарго на продажбата на оружје на Турција.

Шведската влада не издаде дозвола за извоз на воена опрема во Турција во 2018 и 2019 година.

Според податоците на ОН, за три дена поради турската офанзива се раселени околу 100.000 луѓе во Сирија. ОН предупредува и дека поради борбите водовод во градот Ал Хашакех е надвор од употреба и дека околу 400.000 луѓе се без вода за пиење. Затоа од светската организација побараа договарање „хуманитарна пауза“.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе