Договорот наречен „Чиста мрежа“ вчера со САД во Скопје го потпишаа и Македонија и Косово.
Амбасадата на САД во Софија наведе дека Бугарија „се придружува на сѐ поголемата коалиција земји и компании кои се обврзаа да ги заштитат своите 5Г мрежи од небезбедни добавувачи“.
Американскиот државен потсекретар за економски раст Кит Креч кажа на вчерашната церемонија на потпишување со Бугарија дека договорот е од клучна важност за државната безбедност, економскиот просперитет и стабилноста на регионот.
Договорот е дел од обидите на администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп од поставувањето 5Г мрежа да ги исклучи технолошкиот гигант Хуавеј и други кинески компании.
Американски државни функционери низ Европа и светот водат кампања против вклучување на Хуавеј кого Вашингтон го смета за закана за државната безбедност на САД и тврди дека таа компанија својата технологија ја користи за шпионирање на сметка на владата на Кина.
Пекинг тоа го негира и тврди дека Американците водат кампања против Хуавеј од економски причини.