Хутите тврдат дека урнале саудиски борбен хеликоптер „апачи“

Движењето на јеменските Хути сооошти дека собориле саудиски борбен хеликоптер боинг АХ-64 „апачи“ кај границата со Саудиска Арабија и дека двата саудиски пилоти загинале, пренесува Ројтерс.

„Саудискиот „апачи“ беше соборен со ракета земја- воздух, а неговите два пилоти загинаа откако хеликоптерот целосно изгоре“, наведе портпаролот на Хутите Јахја Сареа на Твитер.

Од коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори против Хутите веќе четири години сѐ уште нема потврда за настанот, пренесува Ројтерс.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе