Хуавеј за година дена би можел да претстави сопствен оперативен систем

Кинескиот производител на паметни телефони Хуавеј би можел да претстави свој сопствен оперативен систем најдоцна во пролетта следната година, изјави извршниот директор на компанијата.

На Хуавеј му беше оневозможено да го користи оперативниот систем на Гугл Андроид откако САД минатата недела ја ставија компанијата на листата на забранети правни лица.

Вчера извршниот директор на Одделот за потрошувачки Ју Ченгдонг изјави дека наскоро ќе развијат сопствен оперативен систем за паметни телефони, таблети и други паметни уреди, како и за телевизиски приемници и автомобили.

Системот на Хуавеј би можел да им биде достапен на клиентите најрано оваа есен, а најдоцна пролетта следната година, изјави Ју за кинескиот весник Феникс ифенг тек.

Ју уште во март за германскиот весник Велт изјави дека Хуавеј ќе развие сопствен оперативен систем во случај на американските технолошки компании да им се забрани испораката на оперативните системи. Тоа е резервен план, а Хуавеј е понаклонет кон системите развиени од Гугл и Мајкрософт, додаде тој.

Во изминатите недели, американската и кинеската трговска војна се интензивираше, а американското Министерство за трговија им забрани на американските компании да ја продаваат технологијата на Хуавеј без овластување од владата. Во понеделникот, министерството објави 90-дневно одложување на таа мерка.

САД го обвинуваат Хуавеј дека ѝ помага на кинеската влада во шпионажа на другите земји, иако тоа не го поддржаа со какви било докази.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе