Хуавеј ги обвини САД за кибернетички напади и закани на работниците

Кинескиот технолошки гигант Хуавеј ја обвини американската влада дека ги користи „сите алатки кои ѝ се на располагање" за да предизвика нарушување во нивното работење по извештаите на американските медиуми дека против компанијата е поведена истрага поради сомнеж за кражба на патенти.

Соединетите Американски Држави нелегално ги задржуваат нашите работници, изведуваат кибернетички напади со цел да се инфилтрираат во интерните информатички системи на Хуавеј и испраќаат офицери на ФБИ во домовите на нашите работници за да им извршат притисок за да собираат информации за нив, тврди кинеската компанија.

„Остро ги осудуваме злонамерните, координирани напори на американската влада да го дискредитира Хуавеј и да ја ограничи неговата водечка позиција во секторот“, се вели во изјавата објавена во вторникот, пренесе Би-би-си.

Тие не наведуваат докази за да ги поддржат овие тврдења.

Соопштението на Хуавеј е реакција на извештајот на американскиот Вол Стрит Џурнал според кој американското Министерство за правда покрена истрага против кинеската компанија под сомнение дека украла патенти за фотоапарати за паметни телефони.

Во кинеската компанија се негира обвинението.

Досега, американски официјални лица не ги коментираа тврдењата на кинеската компанија за кибернетички напади.

Вашингтон го обвини Хуавеј за шпионажа во корист на Пекинг и оваа година го наведе на трговската црна листа, забранувајќи им на домашните компании да соработуваат со кинескиот гигант. Паралелно, од сојузниците бараат да го исклучат Хуавеј од јавните набавки поврзани со воспоставување на мобилната мрежа од следната генерација 5Г.

Хуавеј упорно ги отфрла американските обвинувања, тврдејќи дека е независен од владата на Пекинг.

Неговата позиција е дополнително отежната со трговскиот конфликт меѓу двете водечки економии во светот, кои меѓусебно си воведоа увозни давачки на производи во вредност од неколку стотици милијарди долари, предизвикувајќи нарушувања во снабдувачките синџири и трговската размена низ целиот свет.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе