Хуавеи ги руши продажните рекорди и покрај американските санкции

И покрај трговската војна меѓу Соединетите Американски Држави и Кина, и наметнатите американски санкции, деловниот успех на кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеи напредува.

Резултатите покажуваат дека Хуавеи во првите три квартали од оваа година оствари приход од 86,01 милијарди долари, што претставува зголемување за 24,4% во однос на истиот период од минатата година, соопшти компанијата.

Имено, Хуавеи во првите три квартали на глобалниот пазар продаде повеќе од 185 милиони паметни телефони, што претставува годишен пораст од дури 26%. Компанијата исто така бележи раст во продажбата на своите компјутери, таблети, паметни екрани Вижн и други уреди.

Што се однесува до мобилната мрежа 5Г, кинескиот телекомуникациски гигант уште во јуни соопшти дека американските санкции не влијаат врз нивната работа со мрежите на идните генерации 5Г.

„До сите овде испраќам јасна порака дека санкциите воопшто не влијаат на нашите постојни решенија во областа на 5Г технологијата. На клиентите целосно им гарантираме снабдување за веќе склучените договори, но и за оние што ќе ги потпишуваме во иднина“, рече заменик-претседателот на Хуавеи, Кен Ху на прес-конференција во јуни на Конгресот на мобилниот свет.

„Хуавеи во 5Г веќе инвестираше 4 милијарди долари и нашата инвестициска стратегија нема да се промени во следната фаза“, додаде Ху.

Кинеската компанија соопшти дека склучиле повеќе од 60 комерцијални договори до средината на октомври за изградба и имплементација на мрежата од новата генерација со водечки оператори во Европа, Азија и Латинска Америка.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе