Хрватските медиуми: Нов српски министер е опседнат со Хрватска и Хрватите, се шири и негов сексистички твит

Нов министер во српската влада, според српските медиуми, ќе биде Ратко Дмитровиќ.

EPA-EFE

На министерската позиција го номинира Српскиот патриотски сојуз, а за него ќе се формира еден од двата нови ресори во српската влада. Ќе се занимава со грижа за семејството, децата и демографијата.

Ратко Дмитровиќ е српски новинар и пиблицист. На крајот на 80-тите и почетокот на војната беше постојан дописник од Загреб на весникот Политика и неделникот НИН, а од 1991 до крајот на 1993 работеше како коментатор на Радио телевизија Србија. Го нарекуваа новинарот на Милошевиќ. Беше уредник на неделникот Аргумент и основач на телевизијата РАС, а неколку години ја вршеше функцијата генерален дректор и главен уредник на Новости.

Особено е интересна неговата, како што ја нарекуваат хрватските медиуми, опседнатост со Хрватите и Хрватска.

Книга за „болната омраза на Хрватите кон Србите“

Можеби најдобра илустрација за тоа е книгата што ја објави, пишува хрватски Индекс. Наречена е Крст на крижу, а посветена е на „болната омраза на Хрватите кон Србите“.

„Книгата е антологија на текстови кои со бројни автентични докази ја разобличуваат болната омраза на хрватското општество кон Србите и сѐ што е српско“, стои во описот на книгата.

„Нема народ кој присвоил повеќе туѓо од Хрватите“

Дмитровиќ уште пред десетина години изјави дека „нема народ во Европа кој присвоил повеќе туѓо од Хрватите и ги изградил своите историја, култура и јазик“.

Порачуваше и дека „комунистите никому на светот не му подариле такви благодети како на Хрватите“.

„Олуја е единствената победа на хрватската војска во историјата, хрватската држава е со нарушен систем на вредности“

Дмитровиќ пред две години изјави дека „Олуја е единствената победа на хрватската војска во историјата“ и дека „хрватската држава е со нарушен систем на вредности“. Тврдеше и дека денешна Хрватска сака држава без Срби.

„И кога Срби повеќе нема да има во Хрватска, проблем ќе биде именката Срби!“, кажа Дмитровиќ.

„Србите одбија Голема Србија, тоа беше грешка“

Пред една година Дмитровиќ изјави дека „ако ги немаше Србите, немаше да ги има ни Хрватска ни Словенија“. Кажа дека во 1915 Французите и Англичаните им нуделе Голема Србија до Витовитица, но дека Србите решиле да ја создаваат Југославија, што била голема грешка.

Се шири негов сексистички твит

На социјалните мрежи се шири и сексистички твит на Дмитровиќ кој во новата српска влада треба да се грижи за семејството, децата и демографијата.

„Зошто меѓу феминистките и „борките“ за човекови права, нема ниту една исклучително убава жена“, порача Дмитровиќ минатата година на Твитер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе