„Споменик на црвена Риека“

Хрватските десничари се налутија, не сакаат петокрака во Риека

На врвот на зграда во самиот центар на Риека е поставена голема ѕвезда петокрака, како уметничка инсталација на уметникот Немања Цвијановиќ, во рамки на проектот „Риека, европска престолнина на културата“.

Screenshot

Уште самата најава дека во „црвената Риека“ ќе биде поставена црвена петокрака предизвика огорчени реакции на десничарите кои бараа да се сопре финансирањето на овој, за нив контроверзен проект.

Уметникот инсталацијата ја нарече „Споменик на црвена Риека, самоодбранбен споменик“, како и потсетување на заборавената партизанска ѕвезда петокрака, направена од 2.800 парчиња стакло во знак на сеќавање на 2.800 борци паднати за слободата на Риека.

„Оваа ѕвезда потсетува на отфрлениот, но сѐ уште опасен антифашизам“, вели Цвијановиќ, чија инсталација е поставена на денот кога во 1943 година била донесена одлуката да се работи на пристапување на Ријека кон „матичната земја“ по капитулацијата на Италија. Црвената ѕвезда била поставена на истото место, на врвот на зградата, и во 1945 година. единствената разлика е што Цвијановиќ петокраката ја поставил така што изгледа дека таа може во секој момент да падне.

Немања Цвијановиќ е познат по провокативните инсталации кои и претходно предизвикуваа реакции и на јавноста и стручни критики. Неговите инсталации се поставувани низ целиот свет, од Кина до Америка, а голем број од нив се дел од колекциите на познати колекционери.

Петокраката во Риека е поставена на плоштадот каде што се наоѓа и седиштето на ХДЗ, па протестираа и локалните членови на владејачката партија во Хрватска.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе