Хрватскиот претседател: Србите покрај мене жив нема да влезат во ЕУ

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ учествуваше денес на свеченост на давање заклетва на кадети на Воената школа во Загреб, по што даде изјава за медиумите.

EPA-EFE

Тој, меѓу другото, беше прашан за коментар за обвиненијата од Србија со кои се товарат хрватски воени пилоти.

„Тука станува збор за зулум и терор над хрватските команданти“, кажа Милановиќ и додаде: „Начинот на кој Србија се однесува е нејасен. Не знам што сакаат, но на овој начин нема да влезат во Европската Унија“.

„Целата приказна е бесмислена, и оваа иницијатива Брдо-Бриони по која од белградските и сараевските медиуми слушнав дека нешто сум кажал за Сребреница. Тоа е одвратно, не ми треба ни мене, а ни на Хрватска. Нема да помагам некому кој не сака сам да си помогне“.

„Има низа прашања кои Србија нема право да ги поставува. Такви покрај мене жив нема да влезат во ЕУ. Ние кон Белград се однесуваме џентлменски и во процесот на европските интеграции. Доста беше“, заклучи хрватскиот претседател.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе