Според опозицијата

„Хрватскиот премиер ќе мора да објасни чии интереси бранеше во Брисел“

Кандидатот на опозициската партија СДП на претседателските избори во Хрватска Зоран Милановиќ кажа дека премиерот Андреј Пленковиќ ќе мора да објасни чии интереси бранел во Брисел.

Милановиќ кажа и дека Пленковиќ „со своето приватно однесување“ им нанесува штета на хрватските интереси во ЕУ.

„Сѐ уште се надевам дека Пленковиќ може да стане претседател на Европската комисија. Само таквиот исход може да ја намали штетата која хрватскиот премиер со своето целосно приватно однесување им ја нанесува на нашите интереси во Европската Унија“, објави Милановиќ на Фејсбук.

Осврнувајќи се на престојот на хрватскиот премиер во Брисел, каде меѓу другото се разговара за именувањето на нов претседател на Европската комисија, претседател на Европскиот совет и на Европскиот парламент, како и на висок претставник за надворешна и безбедносна политика, Милановиќ наведе дека е неприфатливо „покорување на Хрватска на ставовите на некаква Народна партија“.

„И непаметно е во момент во кој Германија, која сѐ уште ја претставува Ангела Меркел, има спротивен став и го поддржува сепак прифатливиот (Франс) Тимерманс за шеф на Европската комисија, Пленковиќ и понатаму да го поддржува (Манфред) Вебер, кој самиот си ја ускратува поддршката“, оцени Милановиќ.

Тој предупреди дека на Хрватска поради сето тоа ѝ се заканува штета поради можниот судир со најмоќните држави на ЕУ, односно угледните демократии како Германија, Франција, Холандија, Шпанија и другите кои „се обидуваат да соберат мнозинство за некаква одлука“.

Како можна штета го смета и судирот со, како што вели, веројатниот иден шеф на Европската комисија „кој во процесот на одлучување за пристапувањето на Хрватска во Шенген и еврозоната ќе има таман толкаво влијание што мораме да го имаме за сојузник“.

„Погледнете како Бугарите паметно калкулираат во овие хаотични преговори“, истакна поранешнот хрватски премиер Пленковиќ.

Маратонските преговори на лидерите на членките на ЕУ не успеаја и сѐ уште се кршат копјата околу водечките позиции во Унијата. Агенциите вчера пренесоа дека всушност е според „целиот пакет“ имиња, а дека една од државите кои го блокирале договорот е и Хрватска.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе