По пристигнувањето во Приштина Пленковиќ се сретна со претседателот на косовската влада Аљбин Курти.
По церемонијата на свечениот пречек двајцата премиери одржаа разговор во четири очи, по кој ќе се сретнат делегациите.
Подоцна Пленковиќ треба да се сретне и со косовската претседателка Вјоса Османи.
Хрватскиот премиер попладне треба да го посети Јањево, каде ќе се сретне со претставници на хрватското малцинство.
Официјалната посета на Пленковиќ на Косово ќе заврши со посета на КФОР, односно на припадниците на хрватскиот контингент во рамки на воената мисија.