По примените информации дека со редовната контрола на авионот на аеродромот Сараево, кој стигнал од Загреб, на трупот на леталото било забележано оштетување за кои постои можност да е нанесено со куршум од огнено оружје, дежурниот обвинител на Обвинителството на Босна и Херцеговина побарал спроведување увид со присуство на Дирекцијата на цивилното воздухопловство на БиХ.
Дежурниот обвинител ќе биде на терен на местото на увидот и ќе раководи со активностите.
Забележаното оштетување на никој начин не ја загрозило безбедноста на летот и патниците, а со деталниот преглед ќе се утврдат начинот на оштетувањето, како и безбедноста на авионот за понатамошни летови, соопштило обвинителството.