Заговарала „бела Европа“

Хрватската дипломатка суспендирана поради расизам

Хрватската дипломатка Елизабета Маѓаревиќ е суспендирана и повлечена од амбасадата на Хрватска во Берлин поради расистички испади, пренесува хрватскиот портал Индекс.

Инспекција на хрватското министерство за надворешни работи предложила на Маѓаревиќ да ѝ се изрече најтешката дисциплинска казна – отказ.

Тоа го потврди и хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.

Маѓаревиќ на својот профил на Фејсбук заговарала „бела Европа“ и искажувала ксенофобни и хомофобни ставови, а во еден авторски текст ѝ замерила на германската канцеларка Ангела Меркел за „недостиг од култура“.

Ваквата препорака била искажана затоа што дипломатката, инаку прва секретарка во хрватската амбасада во Германија, со расистичките и ксенофобни коментари ги прекршила и законите и етичкиот кодекс кој ги обврзува дипломатите да го штитат угледот на Хрватска во странство.

Одлуката за санкцијата треба во постапка да ја потврди дисциплински суд.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ однесувањето на дипломатката го нарече „катастрофално“.

„Ако дојде до одлука дека имало повреда на службената должност, а изгледа дека е така, тоа е катастрофа“, кажа Пленковиќ.

Реагираше и претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ.

„Ја поздравувам брзата реакција на министерот Гордан Грлиќ Радман, кој веднаш ме информираше за чекорите што ги презема и фактите кои се утврдуваат во случајот на службеничката во амбасадата во Берлин. Изјавите кои поттикнуваат омраза и расизам се неприфатливи. Наспроти нетрпеливоста на поединци, во хрватска служба за надворешни работи ќе се промовира професионалност, отвореност кон светот и заштита на хрватските државни интереси и вредности на кои е втемелена модерната модерната хрватска држава“, порача Грабар Китаровиќ.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе