Хрватската академија на науки: Хрватскиот јазик е условот на Србија за пристапување во ЕУ

Хрватската академија на науки и уметности (ХАЗУ) ѝ предложила на владата како еден од условите за пристапување на Србија во Европската Унија да побара официјален Белград, како што наведуваат, „јавно и недвосмислено да го признае хрватскиот јазик како посебен и независен стандарден јазик и еден од официјалните јазици на ЕУ“.

EPA-EFE

Изјавата за тоа ја донел Одборот за норма на хрватскиот стандарден јазик на ХАЗУ, а ја прифатила управата на Академијата и сега таа е официјален став на ХАЗУ, кој освен на медиумите му е доставен и на премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ.

Одборот, се наведува во соопштението, изјавата ја донел „земајќи го предвид фактот дека културни и јавни тела на Србија, како и институции кои се финансираат од нејзиниот буџет, зачестено со години го негираат постоењето на хрватскиот јазик и неговата историја и го присвојуваат хрватското книжевно наследство, а особено хрватската книжевност на Дубровник, објаснувајќи го тоа со тезата дека дубровничките писатели наводно пишувале на српски јазик“.

Одлуката е донесена и поради фактот што во образовните програми во школите на Србија хрватскиот јазик наводно „лажно се прикажува како српски јазик кој само се нарекува со хрватско име“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе