Се урнал половина час по полетувањето

Хрватска: Воен хеликоптер се урна во морето во близина на Шибеник (ВИДЕО)

Во близина на малиот хрватски остров Зларин, во близина на Шибеник, во морето се урна воен хеликоптер, јавуваат хрватските медиуми.

„Ве информираме дека во оперативното дежурство на полициската управа во 11:06 часот е примена дојава дека меѓу Заблаќ и Зларин во морето се урна воен хеликоптер“, соопшти хрватската полиција.

Веднаш по дојавата на местото на несреќата биле испратени два брода на поморската полиција, а за настанот биле информирани сите служби – пристанишната капетанија, итната служба, пожарникарите и сите надлежни служби“, соопшти полицијата.

Како што пишува порталот Шибеник.ин, од морето е извлечено телото на едниот пилот, додека по другиот се трага. Хрватската војска потврди дека хеликоптерот кој падна во морето е нивна сопственост, и дека едниот пилот загинал во уривањето.

Станува збор за хеликоптер од типот киова ОХ-58Д, а несреќата се случила за време на тренажен лет.

Хеликоптерот паднал во морето половина час по полетувањето.

Станува збор за хеликоптери кои хрватската војска неодамна ги доби на подарок од САД. 16-те хеликоптери беа донирани во 2015 година бидејќи во САД биле прогласени за воен вишок, наведуваат хрватските медиуми.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе