Избегната еколошка катастрофа

Хрватска: Танкер со околу 27.000 кубика нафта удри во пристаништето во Плоче, милионска штета (ФОТО)

Танкер со околу 27.000 кубика нафта удри во пристаништето Плоче во Хрватска, срушувајќи дел од пристаништето во море како и дел од апаратурата за истовар на нафта и гас, кои потонале, пишува денес сплитска Слободна Далмација.

Како што е објавено и она што останало од пристаништето, цевки и уреди за истовар на нафта, исто така се оштетени и се неупотребливи.

Капетанијата на пристаништето Плоче, воведе забрана за употреба додека сè не се поправи, што би можело да потрае и неколку месеци. Експертите проценуваат штета од повеќе милиони евра.

Бродот СТИ Поплар кој пловел под знамето на Маршалските Острови од ударот е прилично оштетен и е повлечен на сидриште, за среќа не е пробиен па е избегната еколошка катастрофа.

Поради оштетувањето на пристаништето и други бродови до понатамошно известување, нема да бидат во можност да истовараат нафта во пристаништето Плоче. Се разгледуваат и некои привремени решенија со кои танкерите ќе бидат истоварани во Сплит и Риека, поради што е реално да се очекува нарушување на пазарот на деривати во Хрватска.

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе