Хрватска протерува државјанин на БиХ поради величење на Тито, Мао и Че Гевара

Хрватската тајна служба (СОА) реши да протера државјанин на БиХ кој со години живее во Риека, каде што има работа и семејство. Причина за протерувањето е наводното величење на Тито, Мао Цетунг, Че Гевара и Фидел Кастро на социјалната мрежа Фејсбук.

На државјанинот на БиХ му било наложено да ја напушти Хрватска во рок од еден месец, иако веќе со години живее во Хрватска.

Човекот, кој сакал да остане анонимен, бил оженет со хрватска државјанка која има статус на ветеранка на Татковинската војна, а по нејзината смрт е во вонбрачна заедница исто така со државјанка на Хрватска, пишува Индекс.

И самиот, како што се наведува, бил припадник на Хрватскиот одбранбен совет, а досега живеел во Риека.

„Да, симпатични ми се Тито, Мао, Че, Катро, и тоа го пишував на Фејсбук. Поради тоа повеќе не смеам да живеам во Хрватска“, изјави за Индекс човекот кој наскоро мора да ја напушти Хрватска.

Тој раскажал дека кога и да постирал на социјалните мрежи за Тито, Че Гевара, Бадер-Мајнхоф, Црвените бригади, јасно давал до знаење дека ги одобрува нивните идеи за социјална правда, но не и методите со кои се служеле.

За себе вели дека е пацифист, но тоа не било доволно за хрватското министерство за внатрешни работи и Безбедносно-разузнавачката агенција по повеќе од деценија да му одобрат продолжување на престојот во Хрватска.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе