Хрватска: Премиерот Пленковиќ ѝ се извини на Украина за изјавите на претседателот Милановиќ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ѝ се извини на Украина за изјавите на претседателот на државата Зоран Милановиќ.

EPA-EFE

Милановиќ кажа дека „Украина и понатаму е една од најкорумпираните земји во светот, економски стагнира и не доби ништо од Европската Унија“. Тој кажа и дека Хрватска „нема ништо“ со конфликтот во Украина и дека, ако дојде до ескалација, ќе „ги повлече до последен војник“.

„Колку што ми е мене познато, хрватски војници во Украина нема“, им кажа премиерот на новинарите и додаде дека контингентот на хрватската војска кој бил во Полска се вратил токму деновиве.

„Изјавите на Милановиќ се нестварни, неговата изјава за Украина како корумпирана земја е навредлива“, кажа тој.

„Овој пат им се извинувам на Украинците, на Украинките, во име на хрватската влада ѝ се извинувам на Украина, една од првите држави која ја призна државата Хрватска“ и која во моментов има окупирани делови, како што имаше Хрватска, наведе Пленковиќ.

Изјавата на Милановиќ дека Украина не добила ништо од ЕУ ја демантираше со податокот дека Европската Унија, преку бесповратна помош и заеми досега ѝ дала 17 милијарди евра, а денес најави нова помош.

„Во прв момент помислив дека зборува некој руски портпарол“, кажа Пленковиќ.

На новинарското прашање дали војници на Хрватска, членка на НАТО, ќе учествуваат во операцијата ако дојде до судир, премиерот одговори со контрапрашање: „Од каде ви се воопшто сите тие тези?“

Политиката на Хрватска е „деескалација на тензиите, спречување евентуален конфликт, поддршка на територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина“, кажа Пленковиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе