Хрватска поставува ограда на границата со БиХ – висока е 3 метри и има шилци (ФОТО)

Хрватска завчера почна да поставува ограда на границата, соопшти хрватското министерство за внатрешни работи.

 

„Министерството за финансии како надлежно тело за изградба и одржување на граничните премини, на барање на министерството за внатрешни работи на Република Хрватска, постави на 10 јуни 2019 подвижна физичка бариера (ограда) на граничниот премин Маљевац бидејќи во Шенгенскиот каталог на ЕУ за надзор на надворешните граници, враќањето и повторното прифаќање е наведено дека „граничните премини и непосредното околно подрачје треба технички да се надгледуваат, а граничните проверки и надзорот треба да бидат осветлени.

Граничните премини, по правило, треба да бидат одвоени со ограда, а исклучоци може да се направат во случај на гранични премини за локален граничен сообраќај“, соопшти хрватското министерство за внатрешни работи.

Како што јавува босански Дневни аваз, оградата која ја поставува Хрватска е висока три метри а на врвот има шилци.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе