Хрватска официјално влегува во еврозоната од јануари 2023 година

Конечната одлука за влез на Хрватска во еврозоната на 1 јануари 2023 година беше усвоена на состанокот на Екофин на советот на министри за финансии во Брисел. Во 13:00 часот започна кратка церемонија на потпишување на одлуката и обраќање до јавноста на неколку значајни функционери.

Фото: ЕПА

Заедно со хрватскиот министер за финансии во оставка Здравко Мариќ, на церемонијата присуствуваа и извршниот потпретседател на Европската комисија Валдис Домбровскис, европскиот комесар за економија Паоло Џентилони, претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард и чешкиот министер за финансии Збинек Станјура.

Во овие моменти се објавува и уредбата за курсот на куни во евро. Официјалниот девизен курс е 7,53450 куни за 1 евро, во децимали ист како што беше во „евро чекалната“, односно за време на учеството на Хрватска во европскиот механизам за девизен курс ЕРМ 2.

Министерот Здравко Мариќ денешниот ден го нарече историски ден.

„Голем ден за Хрватска, би се осмелил да кажам историски. Претстои многу неизвесност во месеците и годините што следат, курсот на доларот и еврото се приближија многу, пазарите испраќаат различни видови сигнали. Во морето од такви информации сигурно е дека влезот на Хрватска во еврозоната е позитивна вест“, изјави Мариќ за Н1.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе