Првите 20 мобилни домови треба да пристигнат во Глина во текот на утрото.
Мобилните домови се обезбедени преку акцијата на Министерството за туризам и спорт, Хрватското здружение за туризам и Хрватското здружение за кампување.
Министерството за туризам и спорт изрази благодарност до бројните приватни донатори и соопшти дека продолжува акцијата за собирање помош за граѓаните од загрозените подрачја.
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја потресе Хрватска во вторникот.