Хрватска купува два борбени хеликоптери „блекхок“, а два добива на подарок

Хрватската влада на вчерашна седница му даде согласност на министерството за одбрана за набавка и опремување на хрватската војска со четири борбени хеликоптери УХ-60М „блекхок“.

Два хеликоптери ќе бидат донирани а два купени, а сѐ ќе биде реализирано од 2021 до 2026 година, во партнерство со американската влада.

На Хрватска САД ќе ѝ донираат два хеликоптери со соодветна опрема и делови. Освен тоа, Хрватска од Америка ќе купи уште два идентични хеликоптери, а со партнерството е опфатена и обука на пилоти и персонал на земја како и логистичка поддршка.

Одборот за одбрана на хрватското собрание на 2 декември даде позитивно мислење околу прифаќањето на наведената донација, процесот на набавка на логистичката поддршка и обуката, како и купувањето на два нови хеликоптери УХ-60М „блекхок“.

Од вкупната вредност на хеликоптерите, која изнесува 1,167 милијарди куни (околу 157 милиони евра), вредноста на донацијата е 360,64 милиони куни (речиси 50 милиони евра) и во целост ја подмируваат САД, а останатиот износ од вкупно 807,23 милиони куни се обезбедува од буџетот во периодот од 2021 до 2026 година.

„Хеликоптерот „блекхок“ е моќно сретство кое би ни служело за исполнување на сите три мисии на хрватската војска – заштитата на суверенитетот и територијалниот интегритет, учеството во меѓународните мисии и операциите и помошта на цивилните институции и другите тела“, истакна хрватскиот вицепремиер и министер за одбрана Дамир Крстичевиќ.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе