Хрватска ги ублажува мерките, отворени бавчите на кафулињата и рестораните (ВИДЕО)

Од денес во Хрватска кафулињата и рестораните можат да ги отворат бавчите и на нив да послужуваат гости, но под строги епидемиолошки правила.

EPA-EFE

Жителите на Сплит и Шибеник ја искористија приликата по три месеци да го испијат првото кафе на терасите на кафулињата, а не ги обесхрабри ни студеното време.

Шефот на кризниот штаб на хрватската влада Давор Божиновиќ во петокот детално претстави како од денес ќе изгледа работата на кафулињата и рестораните.

„Сите угостителски објекти ќе можат да услужуваат гости во отворените бавчи со почитување на епидемиолошките мерки. Работното време е од 6 часот наутро до 22 часот навечер, дозволена е работа само на отворените делови на угостителските објекти. Значи, ако бавчите имаат прегради тие мора да се тргнат или да се отворат за да има непречено движење на воздухот. Потребно е и да се обезбеди растојание меѓу гостите.

Меѓу столчињата растојанието треба да биде најмалку метар и пол, а меѓу масите најмалку три метри. Во зависност од големината на бавчата, се пресметува најголемиот број гости кои можат да бидат таму и тој број треба видливо да се истакне. Акцентот е на дистанцата, тоа растојание мора да ги има за да не добиеме ситуации во кои човек седи на човек“, кажа Божиновиќ.

„На влезот во угостителскиот објект мора да има дезинфекциско средство. Во затворениот дел на објектот може да се оди само во тоалет, а за време на престојот во затворениот простор сите мора да носат маски. Во објектот не е дозволено пуштање музика“, заклучи шефот на хрватскиот кризен штаб.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе