Веруваат дека списокот ќе се прошири со време

Хрватска ги отвора границите за десет земји, Македонија не е меѓу нив

Хрватска на денешната седница на владата донесе одлука да ги отвори границите за десет европски земји. Македонија не е меѓу нив.

EPA-EFE

„Успеавме во првото полувреме да ја победиме епидемијата. Направивме план според кој би ја измениле одлуката за привремена забрана за преминување на границата за државјаните на низа земји за туризам. Тоа би се однесувало на Словенија, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Германија. Според нашата анализа и епидемиолошките слики, ова се земјите во кои има или сличен резултат или трендовите се такви што можеме да донесеме таква одлука со епидемиолошки препораки и посебна апликација, која е веќе направена за доаѓање на државјаните од овие земји за туристичката сезона“, кажа хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Додаде дека е сигурен дека, имајќи предвид како ќе се одвива ситуацијата, списокот на земји ќе се проширува.

Министерот во хрватската влада Давор Божиновиќ објасни дека државјаните од десетте земји од листата повеќе нема да мора да наведуваат причини за влез во Хрватска, туку во земјата ќе влегуваат како и пред пандемијата на коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе