Хрватска доцни со набавката на авиони, небото ќе ѝ го чува НАТО

Хрватска до 2023 година повеќе нема шанси да набави нови борбени авиони, пишува Јутарњи лист и констатира дека Хрватска е на праг не одлука небото да ѝ го чуваат НАТО членките.

Прашањето е дали може до тогаш да набави некој квалитетен половен авион, кој би можел да биде модернизиран, а пилотите и механичарите обучени и прилагодени на постоечката инфраструктура, пишува хрватскиот весник.

Јутарњи потсетува дека министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ за првпат во изминатите денови јасно порача дека ни оваа влада нема да го реши прашањето на борбените авиони и тоа три години пред спуштање на земја на сите МиГ-21, бидејќи им истекуваат ресурсите.

„Целта е годинава да се избере решение кое можеме да си го дозволиме. Да се избере добар борбен повеќенаменски авион. Значи, договор нема ниту е можно оваа година да се склучи некаков договор“, кажа Крстичевиќ.

Полска пред неколку дена договори набавка на 32 американски авиони Ф-35. Првиот ќе ѝ стигне за четири години.

Бугарија минатата година купи осум авиони Ф-16 блок 70/72. Испораката е во 2023 и 2024 година.

Хрватска во процесот на набавка на нови борбени авиони почна пред цели 13 години. Првиот процес на набавка на нов борбен авион почна во 2006 година. времето, заклучува Јутарњи лист, е залудно потрошено бидејќи Хрватска сега е на праг на одлука воздушниот простор да ѝ го чуваат сојузничките НАТО членки, најверојатно Унгарија и Италија.

Во проекциите на буџетот за следната година средства за авиони нема. Ако следната влада не биде на ХДЗ, таа ќе оди на анализирање на сите одлуки па и оваа и повторно ќе се изгуби време, наведува Јутрањи и заклучува дека до некоја можна несреќа на „миговите“, кога Хрватска ќе ги приземји сите преостанати авиони, треба да се информира НАТО дека не може да го чува својот и заедничкиот сојузнички простор и така да заврши приказната за борбеното воздухопловство.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе