Хрватите повторно бараат борбени авиони, во игра се нови американски Ф-16

На седница на советот за национална безбедност на Хрватска беше кажано дека се одбрани државите на кои ќе им се испратат барања за понуди за набака на оружје.

Сепак, од седницата минаа 17 дена а документот не е испратен на адресите на нивните влади.

Ова за Јутарњи лист го потврди портпаролот на владата Марко Милиќ, кој кажа дека на адресите на заинтересираните страни не им е испратено барање за понуда (РПФ), а предвидено е соодветната служба на министерството за одбрана на Република Хрватска да испрати барање за понуда.

Според информациите на весникот, меѓуресорна комисија врз основа на искажаниот интерес дефинирала шест држави на кои треба да им се испратат барања за конечна понуда. Понудите би требало да вклучат два нови типови на авиони и четири половни.

Како што е познато, барање за искажување интерес за понуда за повеќенаменски борбен авион се испратени на адреси на 26 потенцијални понудувачи, а добиени се пет искази на интерес за нови и осум искази на интерес за половни авиони.

Со анализа е утврдено дека на тактичко-техничките барања на хрватското воено воздухопловство му одговараат два нови и четири половни авиони. Така барање за нови Ф-16 блок 70/72 треба да им биде испратено на Соединетите Американски Држави и на Шведска за нови ЈАС грипен 39 Ц/Д.

Барања за половни авиони Ф-16 би требало да им бидат испратени на Грција, Норвешка и Израел, а на Италија за јурофајтер тајфун. Тоа би значело дека од трката излегуваат француските понуди за авионите рафал и мираж 2000. Отпаѓа и американската понуда за Ф-35, авионот од петтата генерација.

Ако барања за конечни понуди бидат испратени на наведените адреси, најголемо изненадување е понудата до Израел за нов конкурс по непријатната ситуација на минатиот тендер, кога не успеаја од САД да добијат дозвола за продажба на авиони на Хрватска.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе