Хрват во Минхен ја поздравил полицијата со нацистички поздрав, го кутнале на земја и го врзале

Во понеделникот на железничката станица Пасинг во Минхен се случил невообичаен инцидент.

EPA-EFE

Германската полиција објави дека 39-годишен Хрват пред ресторан за брза храна извикувал екстремно десничарски слогани и носел непримерни натписи. Пред тоа, како што објави полицијата, бил пријавен за кршење на јавниот ред и мир бидејќи ги шутирал цвеќињата пред влезот на ресторанот.

Кога полицајците му се приближиле, тој ги поздравил со нацистичкиот поздрав „Хајл Хитлер“.

Бидејќи им пружил отпор на полицајците, го кутнале на земја, го врзале и го привеле.

Во соопштението се наведува дека, покрај сето претходно наведено, ќе мора да го објасни својот статус. Хрватот во Германија влегол во септември минатата година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе