Во Нигерија

Хрват, Словенец и Босанец членови на посадата на бродот што го киднапираа пирати

Државјани на Хрватска, Словенија и на БиХ се меѓу 12-те члена на посадата на швајцарскиот товарен брод што го грабнаа нигериски пирати.

Швајцарската бродска компанија „Масоел“ го потврди нападот на нејзиниот товарен брод „Гларус“ во нигериските води.

Бродот превезувал пченица од Лагос до Порт Харкурт.

Пиратите се качиле на долги скали и ја пресекле жицата на палубата, јави АФП.

Потоа уништиле поголем дел од комуникациската опрема на бродот и ги грабнале 12-те члена на посадата.

На бродот имало седум Филипинци и по еден државјанин на Хрватска, Словенија, БиХ, Украина и на Романија, објави нигериската агенција за поморска управа и безбедност (НМАСА), пренесе Би-би-си.

„Тие сè уште се сметаат за исчезнати“, кажа раководителот на НМАСА, Сандаеј Уморен.

Од швајцарската компанија велат дека ги известиле семејствата на грабнатите.

„Компанијата соработува со властите и со специјалистите за да обезбеди брзо и безбедно ослободување на заложниците“, се наведува во соопштението. 

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе