Москва

Храбар Рус ја гаѓал статуата на Сталин (ВИДЕО)

Стотици Руси се собраа вчера на Црвениот плоштад во Москва за да ја одбележат 66-годишнината од смртта на Јосиф Висарионович Сталин, лидерот на Советскиот Сојуз и еден од најсмртоносните диктатори во историјата.

Но вчерашната комеморација беше попречена од двајца активисти кои на статуата на Сталин покрај гробот фрлија скршени цвеќиња, викајќи: „Гори во пеколот, крвник на луѓето, убиец на жени и деца!“

Полицајците веднаш ги уапсија активистите идентификувани како Евгениј Сучков и Олга Савченко, но се ослободени подоцна истиот ден, пренесе Радио Слободна Европа.

За тоа време, неколку постари луѓе се собраа во близина на гробот на Сталин во знак на протест против „глорификацијата“ на Сталин ширум Русија, барајќи од претседателот Владимир Путин да стави крај на оваа пракса. Овие демонстрантите тврдат дека нивните родители биле убиени или затворени во гулаг под режимот на Сталин.

„Верувам дека ова е неисцрпна, тешка морална болест, кога луѓето се поклонуваат пред идол на крвник кој, директно или индиректно, елиминирал нивни предци. Тоа е тажно да се гледа. Кога гледате зло и останувате рамнодушни, кога дури не го ни коментирате тоа, тогаш мислам дека сте учесници во злото“, рече Сучков откако е ослободен од притвор.

Инцидентот го коментираше и поранешниот американски амбасадор во Русија, Мајкл Мекфаул. „Замислете Германци кои му положуваат цвеќе на Хитлер на годишнината од неговата смрт. Ова воскресение на Сталин под Путин е гротескно“, напиша на Твитер Мекфаул со снимка од настанот.

Комеморацијата која секоја година сè уште се одржува пред гробот на Сталин е организирана од страна на руската Комунистичка партија, наследничка на истоимената партија која на чело со Сталин ликвидирала, испратила во гулаг во Сибир и Казахстан, или предизвикала смрт со глад и болести на милиони Руси, Украинци и припадници на други националности во Советскиот Сојуз. Масовни егзекуции, изгладнувања, депортација и ропство во логори во Сибир и Казахстан се одвивале претежно во текот на Големиот терор на триесетите, но и за време на Втората светска војна, додека Советите се бореле против нацистите.

Официјалното оддавање почести на Сталин и неговиот претходник Владимир Илич Ленин било прекинато со доаѓањето на Борис Елцин на власт во независна Русија во деведесеттите. Историчарите и критичарите на Путин предупредија дека неговиот режим во последниве години се повеќе ги релативизира или прикрива неговите злосторства и се обидува да го рехабилитира како „голем лидер“ кој успешно ја модернизирал Русија. Особено загрижувачка вест е од минатата година за тајни наредби за уништување на архивите на затворениците во гулаг.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе