Косовскиот премиер

Хоти: Нормализација на односите дури по меѓусебното признавање

Косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека во четврток во Брисел ќе инсистира „на нормализација на односите со Белград по меѓусебното признавање“.

EPA-EFE

Хоти го потврди договорот од денешната видео-конференција со претседателот на Србија Александар Вучиќ и претставниците на ЕИ во четврток да се сретнат во Брисел.

„Го претставивме својот државен став и спремни сме да седнеме на секоја маса за дијалог за да ја заштитиме државноста на Косово и да побараме нормализација на односите, која доаѓа дури по меѓусебното признавање“, кажа Хоти на прес-конференција во Приштина.

Тој истакна дека во Брисел ќе ја предводи косовската делегација.

„Дијалогот нема алтернатива, и само преку дијалогот можеме да ги решиме прашањата со Србија. Предложив платформа за дијалогот, во тој процес влегуваме само за меѓусебно признавање и полна нормализација на односите меѓу двете земји“, наведе Хоти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе