Косовскиот премиер во Вашингтон

Хоти: Нема да разговараме за ништо друго освен за признавање

Нема да разговараме за други теми, освен за признавање, порача косовскиот премиер во краткото вклучување од Вашингтон за група косовски медиуми, а го пренесе телевизијата Клан Косова на Фејсбук.

EPA-EFE

„Нема да има никаков друг разговор со Србија освен тој за меѓусебно признавање“, кажа Хоти во вклучувањето од Вашингтон.

Хоти кажа дека е можно да се постигне договор за економските  теми, но истакна дека тоа е само чекор кон конечниот договор.

„А тоа е признавањето“, заклучи косовскиот премиер во денешната изјава дадена во паузата меѓу првата и втората рунда од разговорите во Белата куќа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе