Како што се наведува во соопштението на ксоовската влада, Хоти оценил дека е потребно да се продолжи со ангажирање за укинување на визите со цел овозможување слободно движење на луѓето, стоката и капиталот меѓу двете земји.
Хоти изразил спремност да се отворат канцеларии кои ќе се бават со соработка меѓу двете земји во областа на образованието и културата.
Покрај Србија, Босна и Херцеговина е единствената земја од Западниот Балкан која сѐ уште не ја признала независноста на Косово.
Косово еднострано прогласи независност на 17 февруари 2008 година, а за тоа прашање Претседателството на Босна и Херцеговина, задолжено за надворешната политика, гласаше за првпат кон средината на септември оваа година.
Српскиот член на Претседателството, Милорад Додик, гласаше против признавање на Косово додека другите два члена, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ гласаа за.
Косово во 2014 година на Босна и Херцеговина ѝ воведе реципрочни мерки на визниот режим, бидејќи БиХ не се откажува визите за граѓаните на Косово.