Хоти ѝ се закани на Србија со реципрочни мерки

Косовскиот премиер Авдулах Хоти се закани дека Приштина повторно ќе воведе реципрочни мерки кон Белград.

EPA-EFE

Тој истакна дека тоа ќе се случи ако процесот на дијалогот не заврши со договор за меѓусебно признавање.

Хоти, по средбата со политичките претставници на Албанците од југот на Србија, кажа дека Приштина има право на Белград да му возврати на секоја мерка која, како што кажа, Белград ја применува.

„Но верувам дека со помош на меѓународните партнери, со кои сме вклучени во овој процес, нема да има потреба да одиме по тој поекстремен пат. Секој ден имаме напредок кон конечниот договор“, порача Хоти.

Тој на средбата во Приштина со претставниците на Албанците од југот на Србија им ја претстави програмата на неодамна формираната Канцеларија на косовската влада за Прешевската долина, односно трите општини на југот на Србија во кои живеат припадници на албанското национално малцинство.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе