Хоти: Целта на Косово е членство во НАТО

Премиерот на Косово Авдулах Хоти ја честиташе денес втората годишнина од формирањето на косовските оружени сили, наведувајќи дека целта на Приштина е членство во НАТО.

EPA-EFE

„Пред две години собранието на Косово изгласа три закони кои овозможуваат трансформација на Косовските безбедносни сили во војска. Предаденоста и посветеноста на нашите момчиња и девојки во КБС треба да се пофали, додека помошта на нашите пријатели во изградбата на нивните капацитети била и останува извонредна, на што секогаш сме благодарни“, напиша Хоти на Фејсбук.

Претседателот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај, кој беше премиер кога беа усвоени законите за трансформација на безбедносните сили во оружени сили, оцени дека годишнината од формирањето на тие сили е „најважниот датум од прогласувањето на независноста“.

„14 декември 2018 беше историски ден за Косово, иако одлуката за формирање војска не беше толку лесна одлука, но и најважна по прогласувањето на независноста. Му се заблагодарувам на секој пратеник кој гласаше за војската, што значи дека гласал за мир и безбедност во регионот. На Косово му ја честитам втората годишнина од војската“, напиша Харадинај.

Косовскиот парламент на 14 декември 2018 со 106 гласа за и еден воздржан усвои три закони со кои се менува мандатот на Косовските безбедносни сили во Војска на Косово, но без промена на името.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе