Романија

Хорор во психијатриска болница: пациент со статив за инфузија уби четворица други пациенти (ВИДЕО)

Со статив за инфузија еден пациент уби четворица други во болницата во романската општина Сапока, североисточно од главниот град Букурешт.

Тој ги нападнал другите пациенти само три дена откако доброволно се пријавил во оваа психијатриска установа.

Крвавиот напад се случил утрово околу три часот по полноќ, во две различни одделенија. Пациентот (38) најпрво го нападнал својот цимер со стативот за инфузија. Потоа влегол во женскиот оддел, каде што почнал да ги удира пациентките со истиот статив.

Убил четири лица, додека ранил девет, од кои двајца паднале во кома.

Сите жртви имале над 60 години и страдале од разни психички проблеми.

Напаѓачот, кој доброволно се пријавил во оваа болница, бил приведен од полицијата.

Во моментот на неговото апсење, тој сè уште во раце држел дел од стативот за инфузија со кој ги убивал пациентите.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе