Хонгконшкиот продемократски весник престанува со работа

Продемократскиот хонгконшки таблоид Епл Дејли ќе престане да работи најдоцна во сабота, објави издавачот Некст диџитал, откако полицијата уапси уште еден вработен во тој медиум.

Фото: ЕПА

По 26 години, најавеното исклучување на популарниот таблоид, кој комбинира продемократски дискурс со трачеви за познати личности и истраги за злоупотреби од властите, предизвика дополнителна загриженост за состојбата на слободата на медиумите и другите права во Хонг Конг, кој е посебен административен дел на Кина, со која функционира како една држава, два система.

Некст диџитал, во соопштението објавено на својата веб-страница, наведува дека одлуката за затворање на медиумот со 600 вработени новинари е донесена поради моменталната состојба што владее во Хонг Конг.

Полицијата минатата недела ги замрзна имотите на компаниите поврзани со тие новинари и уапси пет директори. Во средата пак е уапсен колумнист под сомнение дека соработувал со странска земја или странски сили.

Властите тврдат дека десетици написи во Епл дејли го кршат законот за национална безбедност. За прв пат, властите го користат овој контроверзен закон против медиум.

Групите за човекови права, медиумските здруженија и западните влади ја критикуваа минатонеделната рација во редакцијата на Епл дејли. Околу 500 полицајци упаднаа во редакцијата и конфискуваа новинарски материјали, повикувајќи се на заштита на националната безбедност.

Полицијата, која обично не ги открива имињата на уапсените, соопшти дека уапсила 55-годишник под обвинение за загрозување на националната безбедност. Директор во Некст диџитал, кој го издава Епл дејли, рече дека се уапсени уредник и новинар.

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, во вторникот изјави дека критиките за минатонеделната рација и апсењата се обид за разубавување на делувања што всушност ја загрозуваат националната безбедност.

Епл Дејли е под зголемен притисок од апсењето на сопственикот Џими Лаи. Остар критичар на Пекинг, Лаи е уапсен минатата година според контроверзниот закон. Неговиот имот исто така е замрзнат и тој издржува затворска казна за присуство на неовластени собири.

Советник на Лаи за Ројтерс во понеделникот изјави дека Епл Дејли ќе биде принуден да прекине со работа во рок од неколку дена.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе