Хонг Конг: Полицијата ги спречи демонстрантите да го блокираат аеродромот

Полицијата во Хонг Конг ги спречи антивладините демонстранти да го блокираат пристапот до аеродромот.

Полицијата ја спречи блокадата на аеродромот, но втора вечер по ред фрлаше солзавец во густо населената населба Монг Кок, во 14-тата недела немири.

Полицијата ги проверуваше билетите и пасошите за да им дозволи само на патниците во авионите да стигнат до аеродромот за да избегнат повторување на хаосот од минатиот викенд, кога активистите блокираа автопати, фрлаа камења по возови и ѓубре во метростаницата МТР во околниот град Тунг Чунг, пренесе Ројтерс.

Аеродромот во Хонг Конг беше честа мета на демонстрации ова лето, што доведе до големи нарушувања во неговиот распоред на летови.

Полицијата вчера пукаше со гумени куршуми и солзавец за да ги растера демонстрантите собрани пред метростаницата во густо населениот полуостров Каулун.

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, оваа недела го повлече законот за екстрадиција како една од четирите мерки за смирување на демонстрантите, но тие, сепак, ова го оценија како задоцнет чекор.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе