Хонг Конг 2019 ќе ја испрати со протести и 2020 ќе ја дочека со голем марш

Хонг Конг 2019 година ќе ја испрати со бројни протести наместо дочек на Новата година, со што се планира да се наруши славењето и шопингот во азискиот финансиски центар во кој судирите меѓу демонстрантите и полицајците се интензивираат од Божиќ навака.

Настаните „Батали Нова година“ и „Шопинг со вас“ се закажани за новогодишната вечер низ целиот град, во округот Лан квај фонг, хонгконшкото живописно пристаниште Викторија и популарните трговски центри, објавено е на социјалните мрежи.

Протестниот марш за Нова година на 1 јанури ќе почне од големиот парк од Козвеј беј и ќе заврши во централниот градски округ, објави здружението Сивил хјуман рајтс фронт (ЦХРФ).

„На новогодишната вечер треба да покажеме дека сме солидарни во пружањето отпор на владата. Се надеваме дека луѓето на Хонг Конг ќе излезат на улиците поради иднината на Хонг Конг“, кажа Џими Шам, лидерот на ЦХРФ.

Протестите во Хонг Конг почнаа пред речиси седум месеци поради сега веќе повлечениот предлог закон кој требаше да овозможи екстрадиција во матична Кина каде судовите се под контрола на Комунистичката партија.

Во меѓувреме прераснаа во широко продемократско движење, а за време на празниците беа забележани повеќе судири со полицијата.

Над 2.000 демонстранти се повредени од почетокот на протестите во јуни.

Во неделата над 1.000 луѓе се собраа во финансискиот округ. Тие повикуваа на демократија збиени под голем број чадори.

Популарниот новогодишен огномет во Хонг Конг е откажан за првпат во деценија поради шестмесечните протести и зголемениот безбедносен ризик, објави хонгконшката туристичка заедница.

Огнометот инаку привлекува илјадници локални жители и туристи во пристаништето Викторија, а одбројувањето до Нова година се пренесува низ целиот свет.

Огнометот ќе биде заменет со мултимедијална „Симфонија на светла“ вклучувајќи проекции кои ќе се прикажуваат на највисоките градски облакодери на полноќ. Фасадата на конгресниот и изложбен центар на Хонг Конг ќе се претвори во џиновски часовник кој ќе одборјува до почетокот на новата година.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе